Касиерка добила шамарница од купувач, по расправија за кусур

Петар Печков

Неделата околу пладне, вработена во продавница во Велес, добила шамар од муштерија, по расправија за невратен кусур. Купувачот реагирал дека му се вратени помалку пари по наплатата, по што започнал расправија, која завршила со шамар од страна на купувачот кон касиерката. СВР Велес со информација за настанот, кој е евидентиран во нивниот билтен.

На 14-ти февруари околу  14  часот во СВР Велес, П.Ѓ.(37), вработена во продавница во Велес, пријавила дека била физички нападната на работното место од Ј.Ј.(61) - соопшти Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Најавува дека по целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава.

фото илустрација

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати