Кај Уланци пронајден машки леш во Вардар

Петар Печков

На 11.01.2018 година околу 14.20 часот во близина на мостот кај село Уланци, велешко, на место викано .„Горна Лака“, во водите на реката Вардар било пронајдено тело на маж во фаза на распаѓање. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес. 

Констатирано е дека се работи за А.Н. (77), кој бил пријавен за исчезнат на 04.12.2017 година. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција - соопштија од МВР.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати