Кај велешанец пронајдени 100 грама хероин

Петар Печков

МВР информираше дека е фатен велешанец како пренесува 100 грама хероин. Полицијата  го отркила  на наплатна рампа Петровец

Oд страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, а по претходно добиени оперативни сознанија, на 8-ми овој месец, околу 20.00 часот, во близина на наплатната станица Петровец било сопрено патничко возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од лицето Л.М. (49) од Велес. При преглед кај лицето било пронајдено едно полиетиленско пакување со непозната прашкаста материја, за кое со вештачење било утврдено дека станува збор за наркотична дрога хероин со маса од 101,35 грама- информираа од МВР.

По целосно документирање на случајот, против Л.М. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати