Квалитетна и здрава вода за велешани од Лисиче преку пречистителна станица во Јаболчиште

Петар Печков

Започнаа активностите со кои треба да се реши проблемот за добивање на квалитетна ,здрава и безбедна вода за пиење за велешани.  Деновиве е потпишан договорот за  Проектната документација  со рок на изработка до средината на месец декември оваа година. Потоа започнуваат градежните активности на терен согласно временските услови.  Тоа е преку Центарот  за развој на Вардарски плански регион а е вреден 1,88 милион денари.     

Овој проект е  од суштинско значење за жителите на Велес оти се се` позагадени водите на реката Тополка, кои преку ХС Лисиче доаѓаат во нашата пречистителна   станица. ЈКП Древен прави вон сериски напори со  користење на хемикалии  да ја направи водата квалитетна и здрава и безбедна за пиење.  Со изработка на проектна техничка  документација за изградба на  систем за фекална канализација и пречистителна станица  како и регулација на коритото на  реката Тополка во Горно и Долно Јаболчиште, тој  огромен  проблем на велешани  ќе се реши - рече Аце Коцевски како претседател на Вардарскиот плански регион. Дополни дека биле обезбедени  два  милиони денари за чистење на речното коритото на реката Тополка во должина  од 4 км, помеѓу Долно и Горно Јаболчиште каде се проценува дека имало смет од пет  илјади м3. Проектот опфаќа изградба на фекална канализација и пречистителна станица за отпадни води во населените места Горно и Долно Јаболчиште. 

Овој проект е исклучително важен за Велес, иако е на територија на Општина чашка, директно ќе влијае на квалитетот на водата  во акумулација Лисиче а која ја пијат велешани.  Како ЈП сторивме многу изминатиот период да го актуализираме проблемот и состојбата со квалитетот на водата за пиење  за велешани. Жално е што толку време овој проблем  соодветно на се актуализирал - рече Дејан Арсовски директор на ЈВП Лисиче.   

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати