Квалитетот е тоа што ги враќа клиентите назад, а не продуктите (фото)

Петар Печков

Со изложбата ,,Користете ги Вашите сетила, за да го оцените квалитетот,,  во фабриката Маркард , близу Велес се подигнува свеста за  подобар квалитет за што е потребно да се користите сетилата за вид, слух, допир, мирис.

Ако оцениме дека еден производ е добар, квалитетен, тоа е резултат на комбинација на сите наши сетила. Кога влегувате во една добра нова кола од реномиран бренд, во истиот момент треба да се јави чувство на пријатност и задоволство. 80 отсто од луѓето се користат со видот, 10 со допир, 2 слух а остатокот е мирис и останатите сетила. Во Маркард   имаме најсофистицирани  машини за квалитет во  текот на  производство, но овој дел е многу битен бидејќи не можеме се` да оставиме на формули и параметри, мораме да користиме и нашите сетила – изјави  Карин Крем, координатор за корпоративни стандарди и поддршка за квалитет во Маркард.

Изложбата ја имаат посетено 2200 вработени  од Маркард Ритхајм, Германија и 2800 колеги од Маркард Сибиу, Романија. Македонија е третата Маркард локација во која се  прикажува изложбата. Сите 514 вработени ќе имаат прилика да ја посетат.

Оваа изложба се прикажувала  и за клиентите  на Маркард,  како Мерцедес, VW, BMW, Autolive и 20-те најважни добавувачи. Добиле многу позитивни коментари и впечатоци за концептот на изложбата.

Со оваа изложба сакаме да ја подигнеме свеста на луѓето, за квалитетот кој го нуди Маркард. Ние сме фирма која произведува делови за автомобили. Во еден автомобил има 30 илјади делови. Што ли ќе се случи ако само еден процент има дефект. Затоа цел ни е да имаме нула дефекти.    На сите нам ни е познато дека финалниот производ е многу скап па затоа крајниот потрошувач не сака да има проблеми кога купува нова кола. Квалитетот е тоа што ги враќа клиентите назад, а не продуктите – рече Волфган Ајхнер генерален директор на  Маркард  Македонија. 

loading...

Поврзани »

loading...
Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017

Дежурство на аптеките (НОЕМВРИ)

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com