Квалитетот на воздухот кој го дишат велешани

Петар Печков

Во 2018-та во Велес имало само два дена со Ѕ02 над максимално дозволените концентрации, чадот е девет дена  и тоа во време на грејна сезона, или има сезонски карактер. Тешки метали во воздухот, олово и  кадмиум се во рамките на гранични вредности и препораките на СЗО и далеку под нив.

Ова се годишните резултати за квалитетот на воздухот кој го дишат велешани, добиени од мерните станици на Центарот за јавно здравје. Тие се на  24 часа и различни од  мерните резултати на станицата на Инспекторатот   за животна средина,  кои се получасовни. За жал тие подолго време не работат и нема информација за суспендираните честички ПМ10. 

Квалитетот на воздухот е далеку подобар во однос на годините пред 2003 год, резултат на неработење на Топилницата за олово и цинк Се следеше на три мерни места, но поради дотраеност на апаратурата сега се мери само на едно мерно место, во Нова населба. Ќе мериме додека и таа апаратура работи, додека не заврши.  Ако го нема тој апарат ќе нема да мериме и тешки метали - рече спец. д-р Снежана Петрова од ЈЗУ Центар за Јавно здравје.  

Прашината се мери на седум мерни места а присуството на тешките метали  олово и кадмиум е во гранични вредности. Споредбено во 2014година немалое денови со концентрации на чад над гранична вредност, во 2015 имаше 15 дена,во 2016 година имаше 31 ден,во 2017 година 6 дена.  

Врз основа на прикажаните податоци од здравствената статистика, може да се заклучи дека има поголема зачестеност на респираторни болести кај детската популација во градот Велес, на чие настанување, ток и исход покрај останатите причини е и влијанието на штетните елементи на загадениот воздух од индустријата, грејната сезона  и сообраќајот во градот- додаде д-р Петрова.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати