Кластери нема, има двајца ново заразени со корона вирус

Петар Печков

Континуирано  со по неколку случаи на ден, во велешко состојбата со заразени со ковид-19 стигна до бројката од 198 лица.  Во текот на вчерашниот ден  има ново регистрирани два случаи и двајцата се мажи, кои ден претходно биле хоспитализирани на Инфективно одделение од велешката Болница. Со ова бројот на активни случаи во велешко дојде до 44 лица.  Нема оздравени лица.

Има два нови случаи, кои биле сместени на Инфективно одделение и двајцата се од Велес. Не може да се зборува за кој кластер, бидејќи  заразата се шири и бројот на заразени поради недисциплина. И според епидемиолошка анкета тешко може да се најде од каде се заразиле.   Едниот е на 62 годишна возраст а вториот на 44 годишна возраст - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

На Инфективно одделение од велешката болница на лекување се 16 лица, сите потврдено позитивни.  Од активните случаи на домашно лекување се 28 лица, 15 се на Инфективно одделение и еден е во КПУ Идризово. Меѓу заразените се и тројца полицајци, припадници на СВР Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати