Кое е најдоброто средно училиште во Македонија а кое најслабо, по успех

Петар Печков

Списокот со средните оценки на средните училишта на ниво на Македонија на крајот од ланската учебна 2017 година покажува дека на средношколците не им се учи.

Потешко се доаѓа до петка во средните училишта отколку во основните. Само едно училиште во 2017-та во Македонија  имало  има просек со средна оценка над 4, а многу имаат едвај тројка.  Од стотина средни училишта со просек помал од три се околу 40 школи. 

Најдобри оценки на ниво на Македонија имаат учениците од скопската гимназија „Орце Николов“. Лани, на крајот од учебната година, средната оценка била 4,18. Учениците од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ лани постигнале средна оценка 3,98, а потоа следуваат битолската гимназија „Јосип Броз-Тито“ со 39,4, па охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ со 3,92 и кумановската гимназија „Гоце Делчев“ со 3,90.

На учениците од тетовското средно училиште „Гоце Стојчески“ очигледно не им се фаќа книга бидејќи тоа е најслабото училиште во Македонија со просек од само 2,09.

На ниво на општини каде што има повеќе од пет средни училишта ( во Велес се четири)  најдобар просек имаат училиштата од Битола со 3,36, па потоа следуваат Скопје со 3,23, Куманово со 3,19, па Прилеп со 3,07. Општина Тетово има најслаби резултати, таму средната оценка на ниво на општина е 2,66. Кои се просечните оценки на средните училишта во Велес, ќе бидат прикажани во одделен текст 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Кој ќе биде новиот светски првак во фудбал?

  • Аргентина
  • Англија
  • Англија
  • Бразил
  • Белгија
  • Германија
  • Португалија
  • Русија
  • Србија
  • Уругвај
  • Франција
  • Хрватска
  • Шпанија
  • некој друг
Резултати