Кои денови се неработни во 2018-тата година

Петар Печков

Неколку продолжени викенди и празници кои се паѓаат во неработни денови. Вака изгледа новата програма на неработни денови за 2018 година која ја објави Министерството за труд и социјална политика. 

Во април се Bелигденските празници. Велигден е на 8 април, а неработен ќе биде понеделникот, на 9 април. Заедно со неработниот Велики петок на 6 април, се отвора можност за подолг одмор од четири дена.

На 24 мај четврток нема да се работи за Кирил и Методиј, а во петок, на 25 мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд, и простор, заедно со четвртокот да се врзат 4 неработни денови.

Споен викeнд ќе има и на 15 јуни, бидејќи тој петок нема да се работи поради празнувањето на Рамазан Бајрам, ден кој е неработен за сите граѓани.

Во продолжение комплетната листа со неработни денови за 2018 година

За сите граѓани на РМ

• 1 јануари (понеделник), Нова година

• 7 јануари (недела), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден

• 9 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

• 1 мај (вторник), Ден на трудот,

• 24 мај (четврток) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 15 јуни (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,

• 2 август (четврток), Ден на Републиката

• 8 септември (сабота), Ден на независноста

• 11 октомври (четврток), Ден на народното востание,

• 23 октомври (вторник), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (сабота), “Св. Климент Охридски”

За граѓаните од православна вероисповед

• 6 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик

• 19 јануари (петок), Богојавление (Водици)

• 6 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

• 25 мај (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (вторник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 2 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден

• 1 ноември (четврток), Празникот на сите светци

• 25 декември (вторник), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

• 21 август (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (четврток), Ден на Албанската азбука За граѓаните припадници на српската заедница во РМ • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 8 април (недела), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (среда), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

• 19 септември (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (петок), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (петок), Ден на настава на турски јазик.

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати