Кои се најдобри а кои најлоши градови во светот според квалитетот на живот

Петар Печков

Според Mercer, кој се занимава со анализирање на градовите според квалитет на живот, на прво место веќе осма година по ред е Виена. Вкупно биле анализирани 231 град.

Виена е најдобра токму поради својата културна сцена, квалитетното здравство, умерените трошоци на живеалишта и евтиниот градски превоз. Веднаш зад овој град се најде Цирих, па Оукленд, Минхен, а на петата позиција е Ванкувер. Во топ 10 се Дизелдорф, Франкфурт, Женева, Копенхаген и Базел.

Големите светски градови не се најдоа ни во првите 20 позиции. Париз се најде на 38-та позиција, Лондон на 40-та, Њујорк на 44-та, а Токио на 47-то место.

Од балканските градови највисоко рангирана е Љубљана на 76-то место, Загреб на 98 место, Белград на 138 место, а Сараево на 159-то. Скопје не се појавува на листата.
Градовите се рангирани според 40 различни фактори како што се политичката стабилност, инфраструктурата, здравствената заштита, образованието, степенот на криминал, можностите за рекреација, културната понуда, природната околина...

За разлика од овие најдобри градови, најлошо рангирани за живот се Картум (Судан), Порт о Пренс (Хаити), Сана (Јемен), Бангуи (Африканска Република) и Багдад (Ирак).

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати