Кои се најписмените нации во светот

Петар Печков

Истражувањето од Државниот универзитет во Конектикат, покажа дека нордиските нации можат да се сместат на врвот во светот,  кога е во прашање нивната писменост.

Широкиот спектар на весници и списанија, големиот број на јавни библиотеки, лесниот пристап до компјутери и интернет, како и одличниот образовен систем, беа клучни фактори поради кои овие народи можеме да се прогласат за најписмени нации во светот.

Финска, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска се најдоа на првите пет места, а веднаш по нив следуваа Швајцарија, САД, Германија, Латвија и Холандија.

Одредени азиски земји како Сингапур, Јужна Кореја, Јапонија и Кина, би можеле да бидат на врвот доколку единствениот фактор за оценка се тестирањата во образовните установи. Сепак, овие земји потфрлија кога се во прашање јавните библиотеки и лесниот пристап до информации.

Од балканските земји, највисокото место го освои Бугарија (34), потоа следува Грција (40), Хрватска (44), Србија (49) и Албанија (54). Македонија не е цел на истражувањето

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати