Колев - улиците во градот не може со метла да се чистат

Петар Печков

Освен ново набавените машини за одржување на хигиената во градот, потребни се повеќе и уште. Во времето во кое живееме надминато е чистењето со метла. Ова го рече градоначалникот Марко Колев на седница на Советот, зборувајќи за одржувањето на јавната хигиена во Велес.

„Во ЈКП Дервен има тренд на набавка на машини и возила. Очекувам дека овој тренд ќе се засили во следниот период. Но се метла улици не се метат. Се надевам дека комуналното претпријатие ќе набави уште една машина за метење за јавен простор низ гpадот, ќе се купат други машини. Инсистирам да се купуваат што повеќе машини. Колку и луѓе да вработиме со метла градот не се чисти. Тоа што се случи со купување , набавка на некои машини треба да продолжи, да допреме до сите улици и делови на градот.  Не само да се метат туку и перат“ - кажа градоначалникот Колев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати