Колкумина купувачи измами ,,Нефа -мебел,, во Велес

Петар Печков

Од продолжениот викенд, вратите на салонот за намештај  на ,,Нефа-мебел,, во Велес се затворени. Преку прозор може да се забележи дека е празен, ништо од стоката која се нудеше до четвртокот попладне.  И вообичаено се продаваше со големи попусти, како што милуваа да се рекламираат од произведувачот.

Во јавноста се крена голема врева по (не)очекуваното и изненадено заминување на производителот. Разбирливо бидејќи, се што се купуваше  во ,,Нефа мебел,, беше авансно,,. плаќаш па добиваш по 40 дена.  Затоа е присутна дилемата колкумина потрошувачи, велешани  измами рускиот производител, кој преку Србија и Македонија влезе на Балканот. Од продавниците во соседството раскажуваат дека доаѓаат поединци и прашуваат за заминувањето на производителот.

 Идат луѓе, прашуваат како, кога заминаа, ќе постојат и си одат. Ќе ги прашаме дали платиле, дали чекаат роба,  молчат и не одговараат. Продавницата се испразни во четвртокот навечер, околу 8 дојдоа. Се чудевме што толку роба се носи пред празник, кога тие не носеа, туку изнесуваа. По некое време ја испразнија и заминаа - вели сосед од блискате дуќани.

,,Нефа мебел,, со производство започна минатата година пролетта, во изнајмени простории  на некогашен ЈУМКО во Врање -Србија. Во Македонија имаше 14 продавници, во Велес од јуни мината година. А дека било чудно уште во стартот раскажуваат купувачи.

Ја плативме стоката и иако беше во прво време рок на испорака 10 дена, ја добивме по три месеци и тоа со постојани реакции од наша страна. Тие очигледно со наши пари го произведуваа мебелот, ние си го финансиравме. Не се добиваше веднаш по уплатата, туку многу, многу  подоцна - вели соговорник кој купил мебел минатата година.  Надлежните велат, оштетените да тужат или ако отиде во стечај да пријават побарување. 

Зошто да тужам, кога немаат никаков имот, само ќе платам трошоци ништо нема да добијам. Исто е и со стечајот, од каде од која маса ќе си наплатам кога тие немаат никаков имот - вели потрошувач кој платил  пред три седмици а останал и без пари и без мебел. 

Дека заминувањето на ,,Нефа мебел,, било планирано, зборува и тоа што стоката од продавниците е преземена вечер пред продолжениот викенд, фејсбук страницата и веб страницата не постојат.  Неколкуте разочарани потрошувачи кои беа пред продавницата, кај Градскиот саат,  велат дека ова е најголемата измама во градот во 21 век. 

loading...

Поврзани »

loading...

Општина Велес објавува

ЈАВЕН ПОВИК
за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на територија на Општина Велес за набавка енергетски ефикасно грејно тело за 2019 година

Детали

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување

Ронтис вработува 20 оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:
20 (дваесет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Колку сте задоволни од настапот на македонските репрезентативци на ЕП во одбојка?

  • Дадоа максимум
  • можеа повеќе
  • за прв пат учество, одлични беа
  • запоставени, а не направија горди
Резултати