Компјутерскиот томограф повторно ставен во функција во велешка Болница (фото)

Петар Печков

По една година пауза повторно е во функција компјутерскиот томограф во велешката Болница. Набавката на нова рендген цевка, која ја набави Министерството за здравство чинела 100 илјади евра.  После поправките на компјутерскиот томограф во болниците во Охрид и Штип, ова е трет кој беше поправен летово. Во Општата Болница Велес набавен беше во мај 2011-та а не работеше од септември лани. 

Денес сум во посета на оваа здравствена институција, откако компјутерскиот томограф е поправен и е повторно во функција. Со   пуштањето на ургентниот центар, на кој се работи сега, болницата  ќе стане регионален центар со целосна дијагностика. Со тоа ќе ги заокружи давањето на услугите не само на пациентите од велешко туку  и пошироко од Повардарјето - рече министерот  за здравство  Венко Филипче. Тој побара да се воведе 24 часовно дежурство за работа со апаратот, оти одделението било добро екипирано со пет лекари. 

Компјутерскиот томограф во многу ќе ни ја олесни работата.  Досега пациентите ги препраќавме во Скопје или Штип и чекаа со денови за преглед. Итните случаи, од бројните сообраќајки на автопатот Велес- Гевгелија,  моравме на дијагностицирање да ги препраќаме на клиниките во Скопје. Со повторното ставање во функција на апаратот, тоа нема да се случува повеќе - рече прим. спец. рендгенолог д-р. Марионка Дејановска, началник на рендген одделението. Таа од министерот Филипче побара  болницата да добие магнетна резонанса и ехо парат на дојка, кои заради обемот на работа и подрачјето кое Болницата го покрива, им се неопходни. 

Барањето за магнетна резонанса сериозно ќе го разгледаме, оти во регионот на Повардарјето нема таков апарат. Рентген одделението е одлично екипирано и со доктори и со техничари, така што, можат да работат на дијагностика на болести на дојка. Министерството е во фаза на набавка на такви апарати, преку Италијанска амбасада и донација од државна институција, Болницата ќе добие таков апарат кога постапките ќе завршат - рече министерот Филипче.     

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати