Комуналците работата на расчистување на снегот

Петар Печков

Велешките комуналци работат  на расчистување на  улиците низ градот од снегот, кои се во нивна надлежност.  Патем тендери за зимско  одржување на улиците во  општината ги имаат добиено  ЈП Македонија пат, Изгрев инженеринг и Делта пром.   Надлежните  уверуваат дека се прави максимум за да бидат оспособени пред се на најважните улици во Велес. 

Екипи на ЈКП Дервен работат на расчистување на снегот од тротоарите на главните улици, централното градско подрачје и долж пристапните улици до градската болница и здравствениот центар, користејќи механизација што вработените од Сектор Паркови и зеленило ја приспособија за собирање на снег – стои во соопштението од ЈКП Дервен.   

Како резултат на ниските температури изминатите денови, кај голем број домаќинства и деловни објекти замрзнаа водоводните приклучни инсталации, што доведе до прекин на нивниот пристап до водоснабдување, како и оштетувања на водоводните инсталации и водомери од мразот. Исто така, зголемен е бројот и на дефекти на главните водоводни линии поради замрзнување. 

Изминативе три дена, екипите на ЈКП Дервен интервенираа на пет поголеми дефекти на главни линии, и изведоа над триесет интервенции кај домаќинства и деловни објекти, претежно за поправка на оштетени водомери – информираат од ЈКП Дервен. 

Само за неколку часа во текот на денешниот ден, понеделник, примени се  40 пријави. Со оглед на многуте доспеани пријави,  надлежните ги замолуваат граѓаните за трпение и разбирање и ги уверуваат дека сите пријавени дефекти на водомери ќе бидат отстранети во најбрз можен рок.  

Притоа потсетуваат дека единствено ЈКП Дервен врши поправка, баждарење или замена на водомерите на корисниците.  Им препорачуваат на граѓаните при ниски температури да ги заштитат водомерите, така што ќе ги завиткаат со дебела ткаенина и да ги затворат вентилите на чешмите во дворовите

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати