Конституиран новиот УО на ГРК Борец

Петар Печков

На понеделничката петта  седница на Советот на  Општина Велес , советниците едногласно го избрале новиот УО на Градскиот ракометен клуб  Борец.  

Во него членуваат  Ристо Велковски,  Стојан Мирчевски, Петре Климкаров, Марјан Неделковски, Томе Бабунски, Тоше Кирков, Дарко Тикваров, Марјан Грумбаровски, Тони Шопов, Тоше Тутарков,  и Петре Здравковски.

Новиот УО на  седница  за извршен директор на Акционерското друштво ГРК „Борец“ го избрал Ристо Велковски. Во УО влегле и двајца претставници на навивачката група Гемиџии  Дарко Тикваров, Марјан Грумбаровски.

Избрани  се лица кои се поврзани со ракометот, има и двајца навивачи. Им посакувам успешна работа и добри резултати на екипата – рече Душко Петров  претседавач на Советот на општина Велeс. Тој појасни дека ова е преземено само во ГРК Борец бидејќи тој бил АД, додека ГОК Борев бил здружение на граѓани.  

Минатата недела ракометите на супер лигашот ГРК Борец стапија во штрајк оти немаа управа и немаа исплатено  плата за октомври. Бараа од градските власти што поскоро решавање на овој проблем. 

фото архива

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати