Контролирани мотористите и пешаците колку ги почитуваат сообраќајните правила и прописи

Петар Печков

Во две одвоени акции на сообраќајна полиција, вторникот и средата извршена е контрола, колку мотористи и пешаците ги почиваат сообраќајните правила и прописи. Во овие два дена биле казнети 37 лица.

„На 11 мај, среда во периодот од 11 до 16 часот на подрачјето на Велес спроведена е акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават мотоциклисти. Притоа, биле констатирани и санкционирани 30 прекршоци“ соопштија од МВР.  Дел од нив  возеле без возачка дозвола,  други  возачи не користеле заштитна кацига за време на возење. Во претходната ваква акција спроведен ана 29 април, беа санкционирани 41 моторист.

„На 10 мај, вторник,  во периодот од 9 до 14 часот на подрачјето на СВР Велес била спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават пешаците во сообраќајот. Притоа, биле откриени и санкционирани седум  прекршоци  во Велес“ - соопштија од МВР.  Овие лица не минувале на пешачки премин или не ги почитувале светлосните знаци на семафорите.  

Дел од јавноста очекува кога ќе се преземе акција за големата бучава која ја предизвикуваат мотористите со нивните мотори. Иако тоа го бараат со години, досега се нема случено. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати