Концесијата за риба на езеро Младост истече, полицијата ја чува

Петар Печков

Концесијата за управување со рибниот фонд од езерото Младост на ЗСР Бабуна од Велес истече во август минатата година. Од тогаш во оваа вештачка акумулација, нема кој да се грижи за рибниот фонд.  За овој проблем алармираат од Здружението на спортски риболовци ,,Бабуна,, чија дозвола истече лани а ја добија од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство. Поради тоа рибите во велешкото езеро ги чува полицијата. 

Во овој период  кога нема концесионер, забранет е риболов, освен за спортски натпревари кога уловената риба се враќа во езерото. Бидејќи никој нема за да го чува рибниот фонд, ја известивме велешката полиција која врши секојдневно контрола на езерото, дали има недозволен риболов или можеби некој лови со мрежи во отсуство на нашата рибочуварска служба. Досега немаме констатирано такви случаи  - вели Лазар Лазаревски секретар на ЗСР ,,Бабуна,, од Велес.  

На почетокот на годинава МЗШВ распишало конкурс за концесија, на кој се јавило друго спортско друштво од Велес,  ,,Металург,, но поради нецелосна документација, конкурсот пропаднал.  Во очекување на нов конкурс, од   ЗРС ,,Бабуна,,  уверуваат дека ќе се пријават.   Концесионерот има обврска да го чува рибниот фонд  но  и да го порибува езерото, што на истекот на ланската го сторија риболовците од ,,Бабуна,, со 370 кг подмладок на крап. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати