Костовски повеќе не е почесен граѓанин на Велес

Петар Печков

Бизнисменот Трифун Костовски остана без титулата ,,почесен граѓанин на Велес,, откако со мнозинство гласови, на седница на Советот  беше изгласана одлуката за ,,престанок на важност на Одлуката за прогласување почесен граѓанин на Општина Велес,,.  Со 12 гласа за од ВМРО-ДПМНЕ и 8 против од СДСМ, без расправа се заклучи точката.  

Ваквиот развој на настаните дојде по барање на  Здружението на прогонетите од Егејскиот дел на Македонија,,Ѕвезда,,  од Велес. Тие  беа лути на Костовски, што на национална ТВ изјавил дека  ,,Егејците биле еден од главните проблеми за нарушување на меѓуетничките односи во државата а поради нив, соживотот бил доведен до работ,,.  

Од Здружението ,,Ѕвезда,, сметаа дека ,, никој нема право ниту основ да врши понижување и омаловажување на цела група граѓани и да ги дели по некаква географска основа и по место на потекло на дедовците и прадедовците,,.  Според нив во Општина Велес  една третина од жителите во Општината околу 14 илјади лица се со потекло и корени од Егејска Македонија.

По изјавата дадена на тв, Костовски по оваа изјава,   јавно се покаја ,, Длабоко се извинувам, до оние кои се почувствувале навредени. Но, мојата совест е мирна. Во мојот исказ немаше никаква задна мисла, ниту пак сакав да ги повредам чувствата на кој било човек, а најмалку чувствата на Македонците од Егејска Македонија,,.

Бизнисменот Трифун Костовски за почесен граѓанин на Општина Велес беше прогласен на 28 февруари 2002-та, поради неговиот посебен придонес за културата и заштитата на националното наследство на Велес и Република Македонија, обнова на црквата Св. Пантелејмон и подари споменици на градот.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати