Коцевски вели се работи на повеќе локации во Општината

Петар Печков

По реакциите во дел од јавноста, дека немало градежни активности на територијата на Општина Велес, градоначалникот Аце Коцевски наброи неколку проекти кои се во тек или наскоро ќе започнат.

Започнати се градежни работи на асфалтирање на улица во сателитската населба Младост, во тек се работите за асфалтирање на улицата Бајрам Хасановиќ во населба Оризари,   во тек е поправка со тампонирање на патот од населба Порцеланка до Оризари, се поставуваат банкини и рабници на асфалтниот пат  за влез во Оризари.  Во тек се работите на поправка на патот до село Сливник со тампон во должина од 2,5. Се поправа урбаната опрема -клупи, клацкалки, корпи за отпад  на територијата на целата Општина,    на улица Трајко Панов се поставуваат бехатон плочки,  извршена е поправка на две улици во населба Речани, се уредуваат банкините на асфалтниот пат  од село Раштани до село Бузалково. Проширено е улично осветлувањето на неколку улици: Бане Андреев Ронката,  Родна Ивева, во населба Превалец,  село Ораовец, Мамутчево и Горно Оризари. Се работи на водоводната линија од Превалец до Горно Оризари - изјави Коцевски. 

Како следни работи кои ќе се изведуваат тој ги најави  бетонирање на улица во село Иванковци и бетонирање на улица во село Црквино, изведба на банкини на патот од село Мамутчево до Иванковци. 

Коцевски одговарајќи на новинарско прашање а по реакциите на жителите на населба Речани дека кај нив ништо не се работи рече:

Имаме активности, но за жал таму работите се лошо поставени.  Некои сопственици имаат заземено дел од улиците, поради што треба да се водат постапки  за експропријација, за рушење на диво изградени ѕидови. Тоа ја комплицира работата. Но секаде нешто работиме така и во Речани, не е дека ништо нема сработено  - додаде Коцевски 

За изградба на водоснабдителниот систем во Индустриската зона „Мамутчево“ од Министерството за локална самоуправа обезбедени биле  8,5 милиони денари.   Од Програмата за развој на Обединетите нации локалната власт добила  донација од 12.000 евра за реконструкција на салата на Општина Велес и за нејзина трансформација за двојна намена. За одржување на седници на Советот на Општина Велес и за да може на седниците да присуствуваат помасовен број граѓани на Општина Велес. Пилот проектот ќе биде применет и во други општини во Македонија.

loading...

Поврзани »

loading...

Фестивал на велешка пита и  вино 2018

ЈАВЕН ПОВИК – ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО за манифестацијата „Фестивал на велешка пита и  вино 2018“

Детали

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали ВАР технологијата воведена на ова СП во фудбал, придонесе тоа да биде поправедно?

  • да
  • не
  • не го следев СП
Резултати