Коцевски на Велес му е потребен затворен пливачки базен

Петар Печков

Заради тешката економска и социјална состојба во која Велес се наоѓаше во изминатите две децении, спортот во Велес падна на многу ниски гранќи, а Велес од секогаш бил познат како спортски град а Велешани како големи љубители на спортот.

Затоа една од нашите врвни приоритети ќе биде заживување на спортот и помошта на врвните спортски клубови за да се вратат во елитните лиги на натпреварување. Од најголемите инвестициони зафати сакам да ги издвојам посебно следните:

Планираме да изградиме затворен пливачки базен во дворот на училиштето Васил Главинов во кои во предпладневните и попладневните часови ќе се одржува настава по физичко воспитување, пливањето е многу важно за правилниот развој на телото на децата а во вечерните часови и во сабота и недела ќе се користи за рекреација на сите останати граѓани на Велес.

Исто така планираме да продолжиме со реконструкцијата на спортската сала таму каде што е  застанато.Пред се сакаме да го реконструираме спортскиот терен затоа што тој не ги задоволува меѓународните стандарди за организирање и одржување на меѓународни натпревари и се разбира кровниот покривач и другите потребни зафати.Планираме да продолжиме исто така со реконструкција на Градскиот фудбалски  стадион да изградиме нов трибински простор и многу содржини во под трибинскиот простор, планирани се и многу други зафати затоа што се сериозно многу запуштени постоечките спортски терени во градот заради не соодветна грижа во изминатиот период.

Планираме да изградиме барем две балон спортски сали за да ги подобриме условите за спорт и рекреација на нашите сограѓани.

Особен акцент ке ставиме на законската обврската на општината да го помага масовниот спорт и училишниот спорт, ќе ги вратиме повторно детските олимписки игри и ќе ги вратиме повторно лигите на натпреварување меѓу училиштата со цел да го поттикнеме и спортскиот дух меѓу дечињата меѓу учениците во нашиот град.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати