Коцевски реагира Велес не добива адекватна помош од државата, по бројот на заболени со корона вирусот

Петар Печков

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски реагира на поделбата на владината помош по градови, каде има регистрирано поголем број на позитивни случаи со КОВИД-19. Велес според процентот на заболени 8,5 е заедно со Тетово, а после Прилеп, Куманово и Скопје, но досега не добил конкретна помош, кажа на прес конференција Коцевски.  

Велес неправедно не го добива тоа што го добиваат други градови. Очекувам дека неделава ова ќе се коригира. Некои општини делат помош доделена од државата на јавни површини, на случајни минувачи. Ние ја немаме таа привилегија, бидејќи не сме добиле. Не можам да посочам поради кои причини не` нема, но очекувам дека помошта ќе се дели на праведен начин – кажа Коцевски.  

Одговарајќи на новинарско прашање додаде  дека и тој ќе ја донира разликата од минималната плата од 14,5 илјади денари до таа што ја прима како градоначалник,  на наменската донаторска сметка, во борбата со КОВИД-19. 

Што се однесува до членовите на Советот, според толкувањето од локалната власт, со Уредбата од Владата, тие нема да добиваат надоместок до декември 2020-та, до крајот на годинава. Освен лицата кои се водат како невработени а се членови на Советот, во вистина на минимална плата од 14,5 илјади денари.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати