Кошаркарите на КК Борец баскет со победа тргнаа во Втората лига (видео)

Петар Печков

Во третото коло од Првата одбојкарска лига екипата на ГОК Борец загуби со максимални 3:0 (19, 10, 19) во Штип од студентската екипа на ОК Универзитет Гоце Делчев. 

Во петтото коло од Првата футсал лига, прва победа за екипата на КМ Ф Велес која со 12:0 славеше над КМФ  Кратово. 

Во Второто коло на Втората футсал лига новиоот велешки лигаш КМФ Кеги моби победи со 9:6 над екипа на КМФ Шкендија. 

Кошаркарите на КК Борец баскет во првото коло од Втората лига забележаа тесна победа од 80:81 во Скопје против КК Спарата. Во последната секунда со кош на Стефан Митрев, бодовите за велешани.  Во следното коло ја пречекуваат екипата на КК Струмица. 

Во  коло на Првата ракометна лига, група 2, ГРК Борец загуби минимално со еден гол 27:28 (11:11), дома во салата Гемиџии од екипата на РК Преспа и со гол примен од пенал а во следниот напад, младите велешки ракометари не успеаја да реализираат и израмнат, за сефте и прв бод. Гостите досега имаа две победи а ГРК Борец е последен без бод.  Во следното коло гостуваат на РК Партизан во Гевгелија, која исто така нема бод, па по овој натпревар некоја од двете екипи  ќе има бодови.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати