Кој го фати крстот во Чашка, Богомила, Извор, Теово

Петар Печков

И водите на реките Тополка и Бабуна денес беа осветени со фрлање на крстот во повеќе населени места во Општина Чашка. 

Од 16-те пријавени кандидати во населба Чашка, 33 годишниот Игор Јанковски од  .Чашка , оваа година ја имаше среќата да го фати крстот од водите на реката Тополка. 

Од 17 те пријавени младиот 18 годишен Оливер Цветковски оваа година имаше најголема среќа да го фати крстот во осветените води на базенот во  Извор. Оливер доби пригодни подароци од фирмата Каме Комерц. 

И во двете населени места на среќните фаќачи на крстот градоначалникот на Општина Чашка им додели лцд телевизори. 

Во водите на реката Бабуна најсреќни беа Даниел Ѓорѓиевски од Богомила и Стојанче Ѓорѓиевски од село Теово кој по 6ти пат успеа да го фати крстот во осветените води. 

Советникот Борче Ангеловски во име на Општина Чашка им додели свечени награди - ЛЦД телевизори.

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали имате доволно време да му посветите на Вашето дете/деца?

  • да, за нив секогаш имам време
  • имам многу обврски, тешко се наоѓа
Резултати