Кривична и притвор за двајцата разбојници, кои со закана сакале да одземат пари од касиерка

Петар Печков

СВР Велес поднесе кривична пријава против К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), двајцата од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

На 11-ти февруари, околу 20ч. во продажен објект во Велес, пријавените со закана се обиделе да одземат пари од вработената, но не успеале и побегнале- соопшти МВР.

За 15-тина минути велешката полиција ги пронашла и уапсила двете лица кои се дале во бегство.

 ОЈО Велес против К.Г.(30) и Љ.Ј.(36), отворило истрага а поради можноста да побегнат, побаран е притвор, кој судија  во претходна постапка од Основен суд Велес го прифатил и лицата се во Шутка. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати