Кривични за двајца полицајци при ПС Велес

Петар Печков

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Г.Т. (38) од Велес, полициски службеник во ПС Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и против Е.М. (43) од Велес, полициски службеник во ПС Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

На 20.07.2016 година, по претходно спроведен претрес во домот на Г.Т., одземена е оригинална документација од судски и управни органи кои Г.Т. подолг временски период ги чувал во својот дом и по истите не постапувал според правилата на службата, доцнел или воопшто не одговарал по истите акти, со што предизвикал штета на буџетот на Република Македонија.

Додека Е.М. со пропуштање на службената должност во својство на Помошник Командир во истиот период пропуштил навремено и подолг временски период да реагира, со што, исто така, предизвикал штета на буџетот на Република Македонија.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати