Криумчари пренесувале 18 мигранти, откриени кај Црвени Брегови

Петар Печков

Вчеравечер, среда,  околу 21.00 часот  на автопатот Неготино-Градско, во близина на место викано „Црвени брегови“,  при конторла на полицијата било откриено криумчарење на мигранти.

Било запрено товарно возило „Форд-Транзит“ со скопски регистарски ознаки и во него биле пронајдени 18 лица-илегални мигранти од Авганистан. Возачот А.Н.(19) и совозачот Л.С.(18), двајцата од село Слупчане, општина Липково, се обиделе да избегаат, но набргу биле фатени, лишени од слобода и приведени во Полициската станица, зааедно со мигрантите, за понатамошна постаппка- изјавија од СВР Велес.

По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

loading...

Поврзани »

loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати