Крлевски промовираше книга со хаику поезија

Петар Печков

Вечерва во малата сала на  градската  библиотека ,,Гоце Делчев" се одржи промоција на најновата книга на Атанас Крлевски. Тоа е ,,На прв поглед,, која  е  хаику поезија и е негово осмо дело. Промотори беа  Светлана Ќулумова и Игор Крајчев. Хаику поезијата  е кратка поетска форма која се одликува со три стиха, кои се со распоред пет -седум - пет  слога.  

Крлевски уште со првото појавување во јавноста, се промовираше со краткото изразување, Тоа беа афоризмите. Сега имаме нов Атанас, останува достоен на својата кратка форма, очигледно дека тоа е негова карактеристика во пишувањето. Овој пат со многу срце, душа, со многу поезија.  Ова е карактеристична, специфична поезија, која малку поети ја создаваат поради  стегнатоста на формата и изразот - кажа промоторот Крајчев.   

Крлевски кој по седум книги со афоризми, на јавноста и нуди ново творечко изразување, хаику поезија. 

Ме привлекува  кратката форма на изразување, уште од школките години. Со малку се кажува многу, таа е поезија на мигот. Споделува тоа што во моментот ќе го види поетот. Се води од зен  будизмот, јапонската филозофија на животот, каде во моментот кога ќе го видиш во природата, го перципираш и пишуваш - објасни Крлевски.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати