Крстот во Велес го фати Влатко Стојанов (фото и видео)

Петар Печков

Најумешен меѓу 50-тина храбри момчиња, кои годинава скокнаа по крстот на Богојавление Водици во Велес,  беше дваесет и едно годишниот Влатко Стојанов.  Тој скока за прв пат и уште веднаш успеа да биде најсреќен, го фати крстот.

На сите им посакувам успешна година, со здравје, љубов и среќа. Не сум скокал досега решив со другар ми Бобан Ѓоргиевски  да се фрлиме по крстот и еве го фанав, ми се посреќи.   Посакувам да се вработам – рече Влатко кој живее во населбата Речани 2.  

Тој во следните 40 дена има можност да ги посетува домовите на велешани, каде ќе биде даруван. 

Нему Владиката Агатангел, Митрополит на Повардарската Епархија на МПЦ-ОА му подари златни крвче со гравиран знак Водици 20-17-та и Библијата.

На  Водица во Велес беше и претседателот на државата  Ѓорге Иванов, кој подари златен крст со  македонски рубини.  Стојанов доби подароци и од Општина Велес, ЈКП Дервен и ЈВП Лисиче на кои денес им е празник, бидејќи работат со вода, како и од ,,Зегин,, и годинашниот  кум ,,павор,, и кумот за  до година  ,,Агриа,,. 

 дел од фотографиите се на Сашо Ѓоргов

 видео снимката е на  Дејан Таневски

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати