Купот за футсал екипата на КМФ Велес

Петар Печков

Футсал екипата на КМФ Велес го освои Купот на Македонија. Тие во неделата вечер во Струмица во салaта Парк, со 6:3 го совладаа Шкупи.  Така му се реваншираа за изгубената титула во првенството.   Фудбалерите на футсал екипата  на   Велес силовито тргнаа и полувремето го завршија со високи 4:0, кои завршија  во мрежата на Берает Јакупи,  со  головите на Мартин Тодоровски, Игор Леовски, Зоран Левевски и повторно Игор Леовски. Мартин Тодоровски во второто полувреме зголеми дури на 5:0, за Елса Незири да намали на 5:1 а Мартин Тодоровски со третиот гол КМФ Велес да поведе со 6:1. Орхан Ибиши и Сефери само го ублажија поразот за футсал екипата на Шкупи.  Така велешани на крајот од сезоната се радуваа за освоениот  футсал Куп. На натпреварот беа доделени дури четири  црвени а картони. 

 

Фудбалерките на ЖФК Борец со победа се разделија од гледачите во ова првенство. Со 3:1, на  Градски  ја совладаа последно пласираната екипа на Речица. Со овие три бода остана на 6-тото место со пет  победи и  со 19 бода. Во последното коло в недела гостуваат  во Струга против  АС јунајтед која е претпоследна со две победи и осум  бода.

Ракометарите на ГРК Борец високо се поразени од второ пласираната екипа на табелата Металург во Скопје, со  37:24  иако на полувреме Борец водел со 12:15. Домаќините вторите 30 минути ги играат силовито и прецизно за да  поведат 18:17 а во 50-тата 28:21 а во последните минути  домаќините  стигнат и до највисокото водство и победат со +13 гола.  Најефикасни кај Борец се Ордев и Димитриевски  со по  7 гола. Така во мини лигата  и разигрувањето за првак, велешани по 9 кола се без бодови, последни шести во ова конкуренција. Во последното коло, на 7-ми јуни велешани дома, во салта Гемиџии ќе го пречекаат новиот  државен првак, скопски Вардар, веднаш по враќањето од завршницата на лигата на правците, каде скопјани се дел од четирите најдобри екипи.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати