Лани велешани собрале 4,35 тони е-отпад

Петар Печков

Ланската 2018-та година во Велес биле собрани 4,35 тони електронски и електричен отпад, информираа од локалната власт.   Тој е собран во текот на сите 12 месеци, при што прибрани се 1,5 тони е-отпад,  додека во ноемвриската акција 2,86 тони. 

Надлежните од Општина Велес објаснуваат дека во текот на сите 12 месеци физичките лица, граѓаните можат да се јават во ЈКП Дервен и да се договорат кога ќе биде предаден овој вид отпад, услуга која е бесплатна.

Тој се чува на општинската комунална депонија во адаптираниот простор за времено складирање на електронски и електричен отпад. Потоа  се предава на овластениот колективен постапувач „Нула отпад“ ДОО Скопје за понатамошно постапување

Општина Велес упатува јавна благодарност до сите поединци, организации и компании кои се грижат за околината и го предаваат е-отпадот на ЈКП Дервен. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати