Лани во Македонија родени помалку новороденчиња отколку во 2016-та

Петар Печков

Според податоците на Државниот завод за статистика, во Република Македонија во 2017 година се родени вкупнo  21 946 деца, од кои 21 754 живородени и 192 мртвородени деца. Бројот на живородените деца во 2017 година, во  споредба со минатата година, е намален за 5.4 %. Во структурата според пол, кај живородените деца, машките имаат  поголемо учество, и тоа 51.3 %, односно на 100 живородени женски децa 105.3 се машки.

Според месецот на раѓање, најголем број раѓања (1 953) се регистрирани во месец јули. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 34.7 % се живородени деца од мајки на возраст од 25 до 29  години.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања изнесува 28.9 години, а при првите раѓања 27.2 години и вредностите се исти како и минатата година.

Генерациска година на мајката, која се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето, е 1988 година.  Во 2017 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години. Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 534 деца или 11.6 % од вкупниот број на живородените деца се  вонбрачни.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати