Лани во велешко се родиле 662 бебиња, 62 помалку од претходната година

Петар Печков

Во 2018-тата во велешко родени биле 662  бебиња, од тоа  297 машки и  365 девојчиња, или минатата година била женска година.   За споредба во 2017-тата имаше  724 новороденчиња  и тогаш повторно повеќе женски   бебиња. 

Или во 2018-та  имало за 62 бебиња помалку  отколку во 2017-тата.  Ова се податоците од  ЈЗУ Здравствен дом Велес, служба за превентивна здравствена заштита за предучилишните деца, каде децата се евидентираат по местото на живеење. 

Станува збор за деца родени по адреса на живеење, која се води во велешко.  За потсетување во  2016-та  имало 512 новороденчиња во велешко (тоа се општините Велес, Градско и Чашка),  2015-та  во велешко се родиле  524,  додека во 2014-та  во велешко биле родени  557 бебиња.

Според местото на живеење  лани во градот родени се  397  бебиња, во селата  99, во Општина Градско   вкупно се родени 35    а во Општина Чашка  има родено  131 бебе.  За потсетување во 2017-та имало  435 родени во Велес, во селата  101, во Општина Градско 49 а во Општина Чашка 140.

Во 2016-та  во Велес се родени 405 бебиња, во селата  107, во Општина Градско имало 30 новороденчиња и во Општина Чашка 161. Во  2015-та во Велес имало 420  новороденчиња 102 во село, во Градско 42, во Чашка 131. И во 2014-та имало  461 родени бебиња  во Велес, во селата 96,  во Градско  39, во Чашка 142 родени бебиња. 

Во Општина  Чашка има еден случај на породување во домашни услови.     

Во ЈЗУ Општа Болница Велес, на акушерското одделение во 2018-та биле родени 505 бебиња,  што е далеку помалку отколку претходните години- во  2017-та  биле родени  649 а во 2016-та  651. Ова е податок според место на раѓање. Во акушерското одделение  на велешката Болница асе породуваат жени и од Свети Николе, Лозово, Росоман и Неготино. 

при користењето на податоците и преземањето, задоложително да се посочи дека анализата е  на порталот Тирековмирече

loading...

Поврзани »

Почина д-р Милчо Трајков
loading...


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Какви специјалистички здравствени услуги користите?

  • од јавното здравство
  • од приватното здравство
  • комбинирам
Резултати