Лани имало повеќе пожари во велешко отколку во 2018-та , а имаше и две жртви

Петар Печков

Според податоците добиени од локалната власт, ланската 2019-та година на територијата на Територијалната подрачна противпожарна единица Велес имало регистрирано 351 пожари. Тоа е далеку повеќе,   отколку во 2018-тата кога биле регистрирани   250.

Во 2019-тата на територијата на Општина Велес имало 303 пожари а година дена претходно 239., по девет и двете години биле регистрирани  на територијата на Општина Градско.   Осетно зголемување на пожарите имало на територијата на Општина Чашка, каде во 2018-та имало само два пожари а лани дури 39. 

Двата најголеми пожари се случија кон крајот на август, првиот кога изгореа 400 ха површина околу езеро Младост и на влезот во градот. Истовремено неколку дена гореше и околу село Ораовец и село Војница, каде изгореа 600 ха површина. Во нивното гаснење, освен ТППЕ Велес учествуваа екипи од околните градови, како и ер-тракторите и хеликоптери сопственост на Армијата и Дирекцијата за спасување.  

Кон крајот на годината изгоре куќата на Паунови, една од петте заштитени во старото градско јадро Варналиите. Во неа изгоре и едно лице на чија идентификација се работи.  Тој не е единствената жртва на пожарите годинава. На крајот од февруари палејќи стрниште 80 годишен жител на селото Мартолци изгоре во огнот.  

при презенацијата на текстот да се потенцира дека е користен текст од порталот Ти реков ми рече 

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати