Лани повеќе читатели членови на градската библиотека отколку во 2017-та

Петар Печков

Лани  велешани повеќе читале книга, изнајмена  во Локалната библиотека „Гоце Делчев“отколку година дена претходно. Ова го покажуваат бројките  на градската библиотека. Или во 2018-та имало 202 читатели повеќе отколку пред 12 месеци. Во апсолутни бројки е  4.339 читатели, споредено со 2017 година, кога имало вкупно 4.137 читатели. Што се однесува што велешани читале, зависи од возраста.

Најчитани се бестселерите, трилерите и љубовните романи кај возрасната популација,додека кај децата тоа се секако лектирите - вели директорот Игор Крајчев. 

Лани од редовните читатели 2.413 биле  возрасни и 1.926 деца.  Ланската година биле  набавени2.553 книги од нив  2.266 книги во одделот за возрасни - светски бестселери и трилери, преведени на македонски јазик и 287 книги во одделот за деца и тоа најголем дел лектири. Велешката библиотека има фонд од 100 илјади книги. Велешката библиотека ја продолжува традицијата на првата читалница во Македонија, сопственост на Ангелко Палашев. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати