Лани Црвен крст од Велес помогнал на 293 семејства (видео)

Петар Печков

8-ми мај – Светскиот ден на Црвениот крст го одбележа Општинската организација на Црвен крст во Велес.  Црвениот крст на Република Македонија е значајна членка во ова хуманитарно Движење кое брои повеќе од 190 членки. Формиран е на 17-ти Март 1945 година. Во него членуваат над 3,5 илјади  членови, а неговата активност ја извршуваат над 9000 волонтери.

Својата мисија и визија ја реализираме преку нашите 482 членови и над 400 волонтери почитувајќи ги принципите на Движењето – хуманост, неутралност, непристрасност, независност, доброволна служба, единство и универзалност. Тие, покрај редовните активности, промовираат хумани вредности преку изработка и реализација на проекти од социјално-хуманитарната дејност, грижа за заедницата и културата како систем од вредности преку промовирање на дијалог и ненасилство - изјави д-р Милчо Трајков престедател на ОО Црвен крст Велес. 

На овој ден пред 180 години во Женева е роден Анри Динан, основоположникот на најраспространетото и најмасовното хуманитарно движење во светот во која членуваат преку 190 Национални друштва на Црвен крст или Црвена полумесечина. 17 милиони волонтери годишно помагаат на 160 милиони луѓе ширум светот. Како резултат на таа посветеност во хуманоста, Црвениот крст и наговиот основоположник четири пати се добитници на Нобеловата награда за мир, а добиените пари се донирани во хуманитарни цели.

Општинската организација од Велес е една од подобрите во сите сегменти на дејствување на Црвениот крст на Република Македонија, социјално-хуманитариот, здравствено-превентивниот, првата помош, дисеминацијата, ангажирењето на младите. Успешни сме затоа што имаме мисија преку која работиме на спречување у ублажување на човековото страдање. Заштита на животот и здравјето, унапредување на социјалната состојба, обезбедување на почит и достоинство на човековото битие, а особено во случај на несреќи и катастрофи, го промовираме меѓународното хуманитарно право и хуманите вредности, поттикнуваме доброволно ангажирање и постојана подготвеност за давање помош, како универзално за солидарност и хуманост - кажа д-р Трајков.

Во текот на изминатата 2017 година Општинската организација на Црвен крст Велес преку своите социјално-хуманитарни програми за 97 семејства од подрачјето на општините Велес, Чашка и Градско обезбеди и додели помош во храна и хигиенски средства во вредност 127.650 денари, на 293 семејства е доделена помош во облека, обувки или постелнина, а со проектни активности на Младите на Црвениот крст за 14 лица покренати се хуманитарни акции за обезбедување парична помош за лица на кои им е потребна долготрајна, скапа медицинска терапија или друг вид здравствена интервенција.

Преку програмите за здравствено-превентивна дејност, крводарителство, промоција на хуманите вредности и култура на ненасилство и мир извршена е едукација на повеќе од 2700 лица од сите возрасти. Со основна осумчасовна обука по прва помош обучени се 530 лица, а преку проектите за намалување на штети од употреба на дроги и Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби, во текот на целата година со разни видови услуги од обучени волонтери на Црвениот крст опфатени се 290 корисници. На организираните акции за доброволно дарување крв и од дарувањата во Службата за трансфузиона медицина собрани се вкупно 4.110 крвни единици со што годишниот план од1861 е оставрен со 220,84% и ја рангираше општинската организација на второто место во Република Македонија.

Светскиот ден на Црвениот крст и Неделата на Црвениот крст на Република Македонија од 8-ми до 15-ти Мај, Општинската организација ќе ги одбележи со пригодни манифестации и настани кој ги најави Орданче Рибарски волонтер во  подмладокот на ОО на Црвениот крст.

Четврток, на 10 мај во големата сала на општина Велес ќе биде прикажана изложба на фотографии од активностите и акциите на членовите и волонтерите на Општинската организација Црвениот крст. Ќе биде организирана и дебата  со ученици од основните и средните училишта за промоција на волонтерството, мултикултурното живеење и разбивање на стереотипите и предрасудите кај младите на која ќе и претходи проекција на два краткометражни филмови – продукција на наши членови и волонтери на Црвениот крст. На 14-ти Мај во спортската сала на ОУ Блаже Конески, ќе се одржи хуманитарен турнир во мал фудбал помеѓу екипи од четирите средни училишта од Градот -рече Рибарски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати