Ленче Здравкин добитник на наградата ,,Мајка Тереза,,

Петар Печков

Одборот за доделување на Државана награда ,,Мајка Тереза,, одлучи годинешни добитници да бидат хуманитарката Ленче Здравкин од Велес и Омер Калеши, кичевчанец кој живее и твори во Париз.

Наградата е доделена за значајни  остварувања на хуманоста и човековата солидарност и за поттикнување и унапредување на меѓусебното разбирање и развојот на соработката како помеѓу народите така и помеѓу припадниците на различните заедници, култури и вери- пишува во образложението. 

Наградата ќе им биде врачена на 26 август. Ленче Здравкин ја доби и Општинската награда 9-ти Ноември во 2016--та година

Велешанката Ленче Здравкин е синоним за хуманост. Таа со првиот бран на мигранти низ Македонија летото 2014-та   го отвори својот дом и   несебично им пружи помош на бегалците.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати