Леовски и Фазлагиќ, амбасадори на велешкиот спорт

Петар Печков

На свеченоста кога се доделуваа  награди  за најдобрите велешки спортисти во 2018-та, признанија им беа врачени и на двајца млади фудбалери. Игор Леовски и Енис Фазлагиќ беа прогласени за амбасадори на велешкиот спорт.    Тоа го добиваат спортисти со потекло од Велес а настапуваат активно за странски клубови. 

Игор Леовски велешанец  настапува за футсал  тимот на Славија од Прага - Чешка, кој се натпреварува во Првата лига.  Претходно настапуваше и за екипата на Сквер од Дубровник Хрватска.  Има повеќе од 50 настапи за македонската футсал репрезентација.  

Енис Фазлагиќ фудбалер на ФК Жилина од Жилина Словачка. Со неполни 19 години веќе е интернационалец. Првите тренинзи му беа во школото на Трајче Ковачев фудбалска  академија Велес.  Пролетва со ФК Шкендија го освои националниот куп.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати