Летово наплатните станици на автопатот со повеќе ленти за да нема гужви

Петар Печков

До почетокот на  летната сезона наплатните станици кај Велес, Петровец и Градско, на делницата од  автопатот Скопје - Неготино  ќе бидат реконструирани и модернизирани за да може да примат сите патници и да не се создаваат километарски колони и гужви. Ова го најавија Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски и  Зоран Китанов директор на  ЈП за Државни патишта, на заедничка прес конференција, кој се одржа на  патарината Сопот близу Велес.     

Основната цел е да се  прошират наплатните станици со повеќе ленти, за да се избегнат сите тесни грла кои се  појавуваат во  летниот период  и така да се олесни  протокот во сообраќајот. Истовремено  е воведува и електронскиот систем на плаќање на патарина - изјави министерот Сугаревски.

Најави дека реконструкцијата  на наплатната рампа Романовци е во завршна фаза а добиени биле градежни дозволи за изградба на наплатни станици кај Неготино и Демир  Капија на автопатот до Гевгелија и наскоро тие ќе започнат  со градење. Инвестицијата е вредна  18,7 милиони евра,  од  кои 2,8 се од Буџетот на РМ а 15 милиони од  Европска   Банка за обнова и развој.    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта дополни дека дозволите за работа за  оваа инвестиција се  чекале две години,тие ги добиле  неодамна и веднаш започнале со реконструкција. Плаќањето на наплатните станици во прво време ќе било комбинирано со готово, платежна картичка и електронска.  

Воведувањето на електронски картички за плаќање не значи и  отпуштање на вработени. Ќе минат неколку години додека тоа не се усоврши, па после тоа ќе можеме да говориме што понатаму   - рече   Китанов директор на ЈП ДП. 

Тој се пофали дека откако е тој на оваа позиција, за последните пет месеци во Буџетот имало  повеќе влезно пари отколку во истиот период  лани за 1, 234 евра и нагласи дека 2017-тата била најуспешна  во работењето  на ова ЈП.   Тој додаде дека веќе е започната постапката за реконструкција и на наплатни станици на Коридор 8 и воведување на електронски картички и на оваа делница, за што бил распишан тендер како.    

Одговарајќи на новинарско  прашање министерот Сугарески потврди дека е повикан како сведок во СЈО во истрагата  наречена ,,Траекторија,, . Ќе давал исказ на 23 јануари  но не можеше да каже колкава е штетата која државата ја претрпела со договорите за изградба на автопатите Миладиновци - Штип и Кичево - Охрид. 

loading...

Поврзани »

loading...

Macedonian butterfly

Македонска пеперутка (Филигран од хартија) Уникатна врамена слика со македонски мотив. http://anicasoleva.com/Handmade/Product/macedonian-butterfly-paper-filigree-framed-picture

Posted by Anica Soleva - Уникатни подароци од хартија on Sunday, January 8, 2017


АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

На што ќе се греете зимава?

  • огревно дрво
  • пелети
  • нафта
  • ќумур
  • електирична енергија
Резултати