Лидерот во Третата лига Центар, ФК Превалец со пораз симнат од врвот

Петар Печков

Започна пролетната сезона од Третата лига Центар. Екипите од ОФС Велес забележаа победа реми и пораз.

Во дербито лидерот ФК Превалец загуби во Крушеани од третопласираната екипа на табелата ФК Напредок со 2:0. По овој пораз превалчани се симнати од врвот, таму е ФК Росоман 83 со 35 бода, еден повеќе од ФК Превалец  а трет е ФК Напредок со 33 бода.

 ФК Локомотива од Градско победи во прилепско Житоше против екипата на Братство која е 11-а со 14 бода. Гостите славеа со 1:2 но и натаму се последни со девет бода. Екипата на ФК Илинден дома во Башино село одигра нерешено 3:3 со екипата на ФК Обршани, која е петта со 22 бода.   

Во следното 15-то коло  ФК Превалец го пречекува тимот на ФК Габер од Ваташа кој е претпоследен 13-ти со 10 бода, ФК Локомотива  во Градско го пречекува  ФК Големо Коњари - десетопласиран со 13 бода  а  ФК Илинден гостува во прилепско на  ФК  Ново Црнилиште кој е шести со 21 бод. 

Се одигра и 1/4 финалето од футсал Купот. Екипата на КМФ Кеги моби играше дома и беше фаворит против екипата на КМФ Клими од Кавадарци. Иако на полувреме велешани водеа со 3:1, гостите израмнија на 3:3 а на пенали славеа со 4:6 за полуфинале. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати