Лидија Симсарова и по 15 месеци чека да дознае кој моторист и го загрози животот, тешко ја повреди на пешачки премин во Скопје

Петар Печков

Ниту по 15 месеци трпечиво чекање и надеж, нема информации, ниту  име и сторител на сообраќајката, во која тешко беше повредена велешанката Лидија Симсарова. Сообраќајката се случи на 12-ти јуни минатата година, на ул. Партизански одреди во Скопје, околу 23 часот, кога е   удрена од моторист на обележан пешачки премин.  Просветниот работник, сега пензионер, кој изучил, образувал и воспитувал генерации на млади, е разочарана како функционира безбедносниот систем во државата.

Таа летна вечер седев во мои ученици кои сега живеат во Скопје, во ресторан во Аеродром. Ми се понудија да ме префрлат со автомобил до станот каде живее ќерка ми, но одбив, оти имам автобуски превоз кој сообраќа до близина. Околу 23 ч. на пешачкиот кај Хотел Карпош, минев на пешачки, на зелено. Тогаш бев удрена од моторист кој возеше лудо и брзо, беа два мотори, кои како да се тркаа. Имав тешки повреди, бев два дена во кома, од повреди на главата, скршеница на левата нога.  Со помош на докторите се извлеков. Живеам, но имам болки, потешкотии при ќекорење, и чекам дека ќе добијам известување, кој е сторителот, и дека ќе ја добие казната согласно Законот. Досега ни по толку време немам информација дека нешто се води, дека има напредок истрагата од мојот случај. Има повеќе сведоци, потоа  толку камери на Партизанска, тешко ли е да се најде сторителот, или е нечие дете, како што ми велат, па не можат да го гонат  - вели Лидија Симсаров, која живее во Велес.

Скопската полиција во писмениот одговор за сообраќајката  вели дека испратила писмено известување до ОЈО Скопје.

„Од страна на увидна екипа од СВР Скопје извршен е увид по што е направено известување и пратено до ОЈО- Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот“.

ОЈО Скопје објаснува не може да постапува оти нема име на сторителот, тој е  се уште непознат.  

„СВР Скопје - Единица за безбедност на патниот сообраќај на 17.06.2019 година поднесе првично известување до Основното јавно обвинителство Скопје без притоа да бидат приложени докази. На 17.09.2020 година е поднесено второ известување кон кое е приложен записник за извршен увид и други писмена документација кои се однесуваат на случената сообраќајна незгода. Притоа, од страна на СВР Скопје и со второто известување се уште не е утврден идентитетот на учесникот во сообраќајот кој го управувал моторциклот што удрил во телото на оштетената која како пешак го минувала коловозот на обележан пешачки премин. Откако ќе биде утврден идентитетот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје, по што обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности за кривичен прогон“ - одговорија од ОЈО Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати