Ликовна изложба и монографија за 50 години работа на Војко Јаневски

Петар Печков

Вечерва во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата ,,50 години творештво,, на  ликовниот уметник Војко Јаневски и беше промовирана монографијата за неговата работа.   

Авторот  на изложбата  се преставува со 50-тина дела од неговиот богат опус, работени  во повеќе техники - масло на платно, акварел, цртеж, бајц, керамика, скулптура, комбинирана техника.  Период во кој уметникот имал инспирација, идеа, енергија да твори и создава дела по кои е препознатлив.

Ова е пресек од моето творештво . Мотивот кој ме водеше овој половина век е животот и околината. Тоа дава секогаш инспирација. Продолжувам со работа, таа никогаш нема крај.  Тоа ме одржува како човек и како автор - рече Јаневски.   Тој е поранешен вработен во Порцеланка, каде го минал работниот век, каде творел а потоа и дома работел на уметнички дела. 

Војко Јаневски во 1968 година завршил на вајарски  отсек на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во класата на проф. Вања Радуш. Од 1968 до 1970 бил соработник во мајсторската работилница на проф. Радуш во Загреб. Од 1969 до 1981 членувал во Хрватското друштво на ликовни уметници, а потоа во Друштвото на ликовните уметници на Македонија - ДЛУМ. Неговиот творечки опус  го одбележале и учествата на повеќе од 200 групни изложби и на 20 ликовни колонии во Македонија и во странство. Лани ја доби општинската  награда 9-ти Ноември. 

Содржината на монографијата која содржи 120 станици е скромна по обем, но богата по содржинскиот материјал. Во шест поглавја  се поместени над 180 дела, кои  се селектирани од целокупното творештво на Јаневски, скулптури и керамики, цртежи во туш, цртежи во бајц техника,  акварели и слики во комбинирана техника и во маслена техника - кажа  историчарот на уметноста Дора Андова која ја промовираше монографијата.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати