Ловџиите од „Руен“ го прехрануваат дивечот, поради лошите временски услови

Петар Печков

Во тек е прехраната на дивечот во ловиштата на   Ловното друштво „Руен“ од Велес. Тоа е нивна обврска согласно потпишаната концесија за користење на ловиштата во велешко. Прихранувањето на дивечот е  засилено изминатите денови откако падна снег и има  снежна покривка, па животните во ловиштата тешко наоѓаат за храна. 

Се прехранува дивеч на 10 ловишта чиј концесионер е ЗЛД „Руен“ на површина од 114 илјади хектари. Помошта со прехрана е неопходна за да овој дивеч преживеена овие лоши временски услови.

„Се прехранува според видови на ловишта и видови на дивеч. Според ловишта прехрануваме за ситна дивеч -полска еребица, еребица каменарка и заекот  за кои оставаме зрнеста храна кршок од пченица, пченка и јачмен   во количина од 4,5 илјади килограми за 80 отсто од овие ловишта.  За крупна дивеч-  дива свиња, срна, волк оставаме пченка, сено, и кабаста храна зелка, јаболко за четири ловишта  оставени се 13 илјади кг   и 8,7 илјади кг енергетска“  - кажа Ване Нанов  од ЛД „Руен.  

Овој период е ловостој за дивечот под заштита, додека  за дивечот без заштита- волк, лисица,  куна не важи и тие  може да се ловат.  Оваа зима како и претходните од ЛД „Руен“ вршат прехрана на прелетниот дивеч - патките, шатките и гуските на езеро Младост, кои тие ги донеле пред десетина години.

Прехранувањето ќе трае до крајот на февруари, и доколку  продолжат неповолните временски услови со многу снег, ќе се продолжи и во месец  март.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати