Локалната власт бара излез од сообраќајниот хаос во градот

Петар Печков

Локалната власт на Велес работи на воведување на урбана мобилност во градот, со кој предимство би добиле пешаците, велосипедистите и јавниот градски превоз пред автомобилите. Тие би требало да бидат истиснати од централното градско подрачје а градот да добие пешачка зона, бидејќи Велес еден од малкуте градови во земјава кој ја нема.  

 Сегашноста на Велес е тесни сокаци,  кои биле проектирани по нив да се движат коњи и магариња, запрежни коли а не автомобили, град со многу стрмни улици. Во вакви услови треба да се најде  помирување помеѓу две крајности.   Како луѓето безбедно и навреме да стигнат, каде што имаат потреба, но без рушење на објекти  за проширување на сообраќајници. Имаме огромни проблеми во одвивањето на сообраќајот, но треба да ги решиме прво во нашата глава. Оти некои наши сограѓани да можат со автомобил и во банка до шалтер би оделе   - вели Коцевски. Тој го посочи фактот дека во градот има 13.711 автомобили.

За оваа цел ангажирана е афирмирана консултантска куќа а од Словенија - АПИА која го работи планот за одржлива урбана мобилност а документот да биде готов до крајот на месец мај. Колку е сериозен проблемот со сообраќајот во Велес говори и фактот што има случаи поради тесните улици, кои водат кон двете цркви  и тамошните гробишта во градот, некогаш да доцни   превозот на починатиот и тој да се чека за да биде погребан.   Или има случаи кога на главната градска улица, возачи ги паркираат автомобилите, додека тие ги користат услугите на Банките па се создаваат големи колони.  

Бараме начин за градски јавен превоз до двете цркви, до Којник, да се организира  паркинг простор блиску до централното градско подрачје, да воведеме пофреквентен градски превоз, да изградиме велосипедски патеки, пешачка зона во центарот на градот, тротоарите да не бидат паркинг за автомобили а пешаците да се движат по улица, да не бидат окупирани автобуските стојалишта - рече Коцевски.  За изнаоѓање на решение Словенците извршиле анкета, на која добиле дури 4,8 илјади одговори од велешани.

Општина Велес ќе имплементира транспортна политика според потребите на луѓето и заштитата на животната средина. Интегрираните и иновативни пристапи ќе овозможат воспоставување на високо ниво на безбедност во сообраќајот, квалитетен живот во еколошка средина и унапредување на локалната економија и туризмот - најавуваат од компанијата АПИА, какво решение ќе му понудат на Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати