Локалната власт бара мислење од граѓаните за кружниот тек кај Панини

Петар Печков

Локалната власт  ги чека мислењата на јавноста по  предложениот турбо кружен тек, кој  треба да се гради кај ,,Панини,,. Завршен е  основен проект за „Изградба на кружен тек“ на крстосницата која ги поврзува улиците Благој Ѓорев, Наум Наумовски – Борче и Прва Комуна или на локацијата која граѓаните ја знаат како „Панини“.

Тој е во фаза на пред идеен проект, по што би  следела постапка за објава  на  тендер и почеток на негова изградба. Оптимистички градоначалникот вели дека може да  почне да се гради кон крајот  на август а би се градел два до три месеци.  

Поаѓајќи од искуството од изградбата на кружните текови во градот, кои без  исклучок  беа дочекани со големи  реакции од  јавноста, овој пат ќе се оди на разговори.   

Сакам да  отворам дебата со   граѓаните, како проектантите фирмата ,,Астрекс,,  од Скопје,  го  предвиделе овој турбо кружен тек. Со ова решение ќе се одземе  дел од тротоарот и површината на дворот од Гимназијата. Потоа  ќе нема паркирање на  Благој Ѓорев кај кафетериите во должина од  стотина  метри.  Затоа е и  паркингот кај Гимназија, таму да ги остават граѓаните автомобилите. Широчината е 6,5 метри а еден дел е 6 метри  со две ленти.  Благој Ѓорев останува еднонасочен, додека   Наум Наумовски – Борче и Прва Комуна    се двонасочни, остануваат исти како досега – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

Неговата изградба би чинела  4 милиони денари, обезбедени  од Буџетот на Општина Велес.  
Анализата на стручните служби во изминатиот период покажале дека токму овој потег претставува тесно грло, каде има најголем застој во сообраќајот.  Новиот кружен тек ќе биде со вкупна широчина или дијаметар од 26 метри. При тоа внатрешниот круг (ротондата) ќе биде со дијаметар од 14 метри.

Досегашните искуства покажуваат дека кружните текови се најдобро сообраќајно решение во моментов. Во наредниот период по изградбата на овој кружен тек, согласно сообраќајната студија за подобро одвивање на сообраќајот во Велес, ќе се градат уште 2 кружни текови. На крстосницата во близина на ЕВН и на крстосницата каде сега се поставени семафорите. Со турбо кружниот тек кај Панини ќе  се забрза сообраќајот. Во цел свет сообраќајот се регулира со кружни текови, тоа е иднината  –најави Чадиев.

Бидејќи последните години на  овој простор се одржуваа концертите од  Питијадата, Чадиев најави дека  тука би се одржала  и годинава, бидејќи имало доболен простор за вакви забави

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати