Локалната власт ги пофали велешани дека вршат селекција на отпадот, екологистите се надеваат дека бројките се реални

Петар Печков

Во Велес намалено е количеството на собраниот  комунален отпад а на сметка на тоа зголемени  се количините на селектираниот, градежен шут, стакло, картони, габаритен отпад. Локалната власт од Велес ги презентираше податоците од собраниот отпад за 2020-а година, за да констатира дека велешани вршат  селекција на сметот.

„Радува фактот што количините на одложен комунален отпад на депонија се намалуваат што подразбира дека селекцијата почнува да функционира“ - констатираат од одделението за животна средина при  Општина Велес.

Бројките покажуваат дека минатата 2020-та година, неколкупати се зголемени   количествата на  собрана  картонската и пет амбалажата во Велес. Тие се далеку повисоки отколку количествата  од претходните години.

Претходно локалната власт  објавија дека и количините на градежен шут, отпадно стакло, габаритен отпад собрани лани се далеку повисоки отколку претходните години. Податоците  дека се намалува количината на комунален отпад, за екологистите се прифатливи, но  со доза на резерва.

„Се надевам дека не се предизборни овие податоци кои се објавени и дека се реални.Оти сведоци сме дека на делови од градот, има купшита смет. Убаво е што велешани вршат селекција на отпадот. На оваа тема би го актуализирал и прашањето со отпадот од рестораните, каде се фрлаат остатоци од месо кое се обработува за јадење или негови остатоци од храната и потребно е да се најде начин за негово собирање, да не завршува во комунален отпад“  - вели Игор Смилев од ЕГ „Зелена сила“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати