Локалната власт на Велес плаќа високи цени за превоз на учениците

Петар Печков

Училиштата во Велес се во борчеви, некои со блокирани сметки, поради долгови за превоз на учениците. Превозниците децата ги возат на вересија а локалната власт се судрува со проблеми , како да не се случи прекин на ученичкиот  превоз.   

Во училиштата има големи проблеми,  огромни долгови, за огрев и превоз. Во ваква ситуација приморани сме, како локална власт да работиме  како медијатори помеѓу училиштата и превозниците, за да обезбедиме за превоз за учениците. Индикативно е што на  ниту еден тендер се немаат јавено двајца превозници за иста линија, па си формираат цени како што сакаат  - изјави градоначалникот Аце Коцевски.   

Како пример ги даде цените за две релации.  Од  Сливник до Бузалково и  назад  за еден ученик се плаќало 220 денари а должината  во двата правци била  вкупно 9 км. Или од населба Превалец  до Горно Оризари се плаќа 400 денари а  должината била 2 км во двата правци. 

Тој посочи примери на случаи за едно дете да се плаќа превоз  до далечни села, како  што се Горно Јаболчиште, до Дорфулија, Сопот. Поради тоа цената  била висока, но законска обврска е ученикот да биде превезен до дома.  Поради ова како решение на родителите на децата ќе им биде понудено сместување  во Велес. 

Државата е должна бидејќи средното образование е задолжително, и да им обезбеди превоз. Разбирливо е што ваквиот превоз чини скапо, затоа што комбето оди  за едно дете, а се троши гориво, амортизација  За ваквите случаи ќе понудиме на родителите децат да ги сместиме во средношколскиот дом. Ако одбијат ќе имаат обврска сами да  си го  платат превозот - објасни Коцевски.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати