Локалното дерби во Башино село ФК Илинден - ФК Локомотива без победник

Петар Печков

Во 11-тото коло на Третата фудбалска лига Центар, локалното дерби заврши без победник. Во Башино село  ФК Илинден и ФК Локомотива од Градско одиграа 1:1. Со овој бод ФК Илинден се искачи едно место на табелата, сега е деветти со 11 бода а ФК Локомотива последна 14-та со шест бода.

ФК Превалец  победи  во кавадаречка Марена против истоимениот тим, кој е десеттопласиран со 1:3 и превалчани останаа второпласирани со бод помалку од лидерот ФК Росоман.

Во следното 12-то коло, ФК Превалец го пречекува ФК Динамо од прилепско Мажучиште кој е десетто пласиран, ФК локомотива во Градско игра со  ФК Напредок од прилепско Кривогаштани- третопласиран на табелата  а ФК Илинден БС гостува на лидерот ФК Росоман. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати