Локалното фудбалско дерби во Превалец, за постариот лигаш

Петар Печков

Започна и пролетниот дел од Третата фудбалска лига Централен регион.

Во локалното дерби во Превалец, ФК Тополка - ФК Превалец 0:2 (0:0)  Гостите кои се лидер на првенството победија со головите на Јовев во 61-ва и  на Илиевски во судиското продолжување 92 минута. Иако последен на табелата домаќинот не се предаде лесно, па постариот клуб имаше сериозна задача за да стигне до трите бодови. Сега ФК Превалец е сам на првото место со 31 бод, откако ФК Питу Гули со кој имаа ист број бодови загуби дома  во Крушево од шесто пласираната екипа на ФК Росоман со 1:3 (0:2).  ФК Тополка останува последна со    пет бодови.

ФК Бабуна, како трето пласиран тим на таблата загуби и во прилепско Крушеане од Напредок со 4:2 (3:1) кој досега имаше само една победа и седум бодови. ФК Бабуна останата трета со 21 бод.

Во следното 13-то коло играат: ФК Бабуна против ФК Младост 1930 од Кривогаштани  кој е претпоследен со 9 бода, ФК Тополка му гостува на ФК Питу Гули во Крушево и ФК Превалец гостува на  ФК Братство 07во прилепско Големо Коњари,  кој е седми со 17 бода. 

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Каде одмарате летово?

  • на Охридско
  • на Дојранско
  • на Преспанско
  • на Јадран
  • на Црно море
  • на Егејот
  • на езеро Младост
  • на планина
  • дома пред тв и со ер кондишн
  • во Албанија
  • во Турција
  • преку викенд одам до Грција
  • на некој од базените во градов
Резултати