Локомотивата се расипа, премините блокирани, сообраќајот во Велес во хаос

Петар Печков

Попладнево околу 17,30 ч. товарниот воз кој од Солун возел за Белград, носејќи кинеска стока, непланирано застанал среде Велес. Поради застојот трите патни премини се блокирани, ниту се одвива сообраќај, ниту пешаците можат да преминат преку.    

Расипана е локомотивата на товарниот воз. Очекуваме да дојде нова и возот да биде повлечен, по што и премините ќе бидат ослободени  - објаснија  од велешката железничка станица. 

Блокирани се двата премина кои водат до населбата Дворови и жителите за да стигнат дома мора да вртат дури до подвозникот кај Мало мовче.  Блокиран е и преминот на мостот Гемиџии, па за да се стигне од стариот  во новиот дел на Велессе користи преминот кај Стар мост, каде има голема колона возила. Поради овој застој и патничкиот воз кој  од Велес за Гевгелија тргнува во 17,40  патувањето ќе го продолжи со отстранувањето на товарниот воз од пругата.  

loading...

Поврзани »

loading...

Ронтис вработува техничар во оддел за одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи: Техничар во оддел за одржување Детали

Ронтис вработува оператори во производство

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи: 10 (десет) Оператори во производство

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали користите велосипед во Велес?

  • да, често
  • за викенд рекреација
  • нема патека
  • Велес не е град за велосипед, има угорници
Резултати